Бачовски најавува исплата на субвенции по неколку мерки

Одлична трибина во центарот на градинарското производство – Струмица !

Под слоганот ,,Резултати кои прават разлика’’ разговаравме за предизвиците кои успешно ги совладавме покрај сите внатрешни и надворешни опструкции како Ковид пандемијата и војната во Украина.

Преку програмата за директни плаќања, програмата за рурален развој, програмата за рибарство и аквакултура и ИПАРД програмата на годишно ниво државата инвестира во земјоделското производство и неговото модернизирање со буџет од над 140 милиони евра и над 70.000 задоволни корисници.

Наша основа задача е подеднакво да ги поддржуваме градинарите од Струмичко, Гевгелиско и Валандовско, тутунарите од Прилеп и Радовиш, лозарите од Тиквешкиот регион , овоштарите од Росоман и Преспа, полјоделците од Битола и Свети Николе, сточарите од Малешевијата и Полошкиот регион.

Во следниот период Агенцијата административно ќе ги реализира исплатите за предадена пченица, задржано јагне и јаре, заклани гоеници, заклано јагне како и произведеното и предадено млеко од третата фаза за 2022 година.

Фејсбук статус на Никица Бачовски – Директор на Платежна агенција

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести