Во ИНТЕРВЈУТО за АГРОТИМ , првиот човек на Агенцијата, Никица Бачовски зборува за моменталната состојба, плановите, предизвиците и стратегијата на институцијата и Владата за работа во следните години.
АГРОТИМ: Врската на земјоделците се чини дека е најсилна со агенцијата која ја водите. Дали тоа беше предизвикот да прифатите да застанете на чело на ваква инситуција, сериозна не само по обемот на работа туку и по милионските суми буџетски средства кои треба да дојдат до земјоделците и агробизнисмените?
БАЧОВСКИ: Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е институција која треба да биде популарна и е наменета за за да им служи на земјоделците, да ги развива, да креира мерки кои ќе го модернизираат и унапредат домашниот агро сектор. Лично, сметам дека и треба да биде силна врската помеѓу институцијата и корисниците ако сакаме да имаме развој и напредок. Оваа Влада, од почетокот на мандатот посвети многу енергија и направи сет на мерки за да се доближи до земјоделците и тука нема да застанеме. Мило ми е што дел од мерките кои ги реализиравме во изминатиот период ја направија институцијата уште повидлива, а земјоделците препознаа партнер, преку кој ќе дојдат до реализација на нивните идеи за инвестиции и развој на стопанства во агро – секторот. Предизвикот да застанам на чело на институцијата не дојде случајно, напротив, јас претходните години како шеф на кабинет на министерот за земјоделство, бев исклучително активен и вклучен во сите сегменти и околу креирање на Програмите, но, и околу имплементација на мерките и од Националните и од ИПАРД програмата. Токму затоа, мислам дека премиерот па и тимот околу него ја препознаа мојата посветеност и искрена енергија, домашниот агро – сектор да го направиме посилен, модерен, со мали производни трошоци, со зголемено производство. Па оттука и дојде наименувањето на оваа функција. Сметам дека годините се само бројка, но, искуството, младата енергија, модерните гледишта на животот може да бидат предност, а не и мана. Секако, во тимот па и во институцијата со која раководам имам искусни професионалци кои ми помагаат и кои секогаш знаат да ме насочат како треба да се завршат работите и како е најдобро за сите.

АГРОТИМ: И да продолжиме на истата тема, околу предноста на новите, млади сили во агросекторот – не само кај нас туку и во ЕУ, евидентно е стареењето на популацијата во земјоделскиот сектор. Токму затоа и новите програми во милијарди евра се за мерки за “подмладување на секторот“. Колку ние го следиме тој тренд?
БАЧОВСКИ:Сметам дека го следиме трендот на вклучување на младите во земјоделството, но тоа не е доволно. Како Влада, и како држава, можеме многу повеќе од ова што досега го направивме и планот е да продолжиме со овозможување на поволни услови за инвестирање во земјоделството и отворање на производни капацитети. Сепак, ме радува тоа што преку мерките Млад земјоделец, преку Руралната жена со тракторите ги мотивиравме младите да почнат да размислуваат дека имаат можност преку Програмите и Мерките да бидат сам свој газда. Да си создаваат свои земјоделски стопанства, свои капацитети за преработки и да ги развиваат средините каде што живеат. Токму тоа беше и целта на овие мерки. Само во тек на 2020 година преку Мерката 121.4 – Набавка на трактори, склучивме 540 договори во вредност од 205.662.431,00 денари. Додека преку Мерка 113 – Поддршка за поттикнување на земјоделско производство (или попознато како Млад земјоделец) склучени се 266 договори за проекти во вредност од 187.050.295,00 денари. Тоа се само дел од проектите преку кои вбризгавме сериозни средства во руралните средини, ги модернизиравме домашните фарми, земјоделските стопанства. Преку овие проекти, директно ги развиваме и руралните подрачја и овозможуваме рамномерен регионален развој.
АГРОТИМ: Кога зборувате за мерките како млад земјоделец, рурална жена или за механизација, воопшто за мерките на Владата, факт е дека тие се носат во МЗШВ, односно се креираат таму. Значи ли тоа дека вие имате одлична соработка со МЗШВ и можете да влијаете како Агенција на што да се стави фокусот, сепак вие најдобро знаете за што има најмногу апликации односно интерес?
БАЧОВСКИ: Владата, министерството и Агенцијата се тесно поврзани. Заеднички и во минатото, но, и сега ги креираме мерките, новите програми. Во моментов, се финализира и Стратегијата за земјоделство и како институција целосно сме вклучени во нејзината подготовката. Реално, ние сме оперативата и токму затоа важно е да бидеме вклучени во креирањето на се она што подоцна ќе биде имплементирано преку нас, затоа што реално оперативците кои секојдневно ги работат предметите знаат што е изводливо а што не е. Практично, се продолжи една добра пракса што уште пред неколку години додека министер беше Љупчо Николовски, воспостави еден начин на добра вертикална и хоризонтална комуникација и соработка помеѓу институциите за заедничко разменување на идеи, искуства, тој начин на соработка уште го применуваме затоа што се покажа како добар и успешен модел и покрај тоа што од тогаш наваму имаше смена на министри. Институциите мора меѓусебно да соработуваат, да создаваат услови за развој на земјоделството.
АГРОТИМ: Каква 2021 година очекувате од ваша гледна точка на Агенција?
Интервјуто во целост на платформата АГРОТИМ.мк
]]>


