„Русија ќе ја плати цената, а какви ќе бидат последиците, ќе видите наскоро“, изјави Бајден за „ABC News“.
Тој рече дека извештајот на разузнавачките служби ги поддржува обвинувањата дека самиот Путин стои зад мешањето на Русија во изборите. Неговата изјава Русија ја демантиаше и тврди дека станува збор за неосновани обвинувања.
Бајден рече дека го познава Путин релативно добро и дека според неговото искуство со странските лидери, најважно е да се познава соговорникот.
Тој исто така рече дека Путин нема душа и на прашањето дали смета дека рускиот претседател е убиец, тој одговори потврдно.
Бајден исто така потсети дека има прашања од заеднички интерес за двете земји за кои можат да соработуваат, како што е продолжувањето на нуклеарниот договор СТАРТ.
]]>


