Бакнежот на Меланија и Доналд Трамп кој сите чекаа да го видат: Со години велеа дека бракот им е лажен

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга, убавата Меланија Трамп, со години се под лупа на јавноста. Се повеќе се шушкаше дека нивниот брак станал фиктивен, и дека меѓу нив немало никакви емоции.

Често се зборуваше дека Меланија е таа што го игнорира својот сопруг во јавноста, дека на секој можен начин се обидува да ги игнорира неговите допири и бакнежи. Сите сè уште се сеќаваме на моментот кога речиси го турна кога сакаше да ја фати за рака за време на еден официјален настан.

Меѓутоа, откако започна кампањата на Доналд за претседател на САД, имавме можност да видиме поинаква слика. Меланија и Доналд изгледаа многу блиски, а кадрите од неговата инаугурација воодушевија многумина. Тие изгледаа навистина заљубени како на почетокот на нивната врска пред повеќе од 20 години.

Сега се појавија фотографии од нивниот јавен бакнеж и јавноста не престанува да коментира. Дали челичната дама сепак дозволила нејзиниот сопруг повторно да и се доближи?

Камерите на фоторепортерите го снимија овој интимен чин на брачната двојка, како единствена можност да ги видиме заедно, земајќи ја предвид одлуката на Меланија да не живее со сопругот во Белата куќа.

Појавувањето на првата дама беше ретка прилика во која таа јавно присуствуваше и зборуваше на настан во Белата куќа откако нејзиниот сопруг Доналд Трамп ја презеде функцијата во јануари, објави српски Курир.

Најчитани вести