Барселона купува холандски репрезентативец по препорака на Роналд Куман

Барселона се уште бара долгорочна замена за Серхио Бускетс ова лето, или барем некој што ќе игра на истата позиција, но тоа да го направат со мал буџет не е лесна задача за Каталонците. 

Играчот од средниот ред на Евертон, Амаду Онана е именуван како приоритет на спортскиот директор Деко, но изгледа дека тој ќе биде надвор од нивниот ценовен опсег. Друго име што се споменува е играчот од средниот ред на Феенорд, Матс Вифер, кој е партнер на Френки де Јонг во средината на теренот во холандската репрезентација.

Тренерот на „лалињата“ и поранешен тренер на Барса, Роналд Куман, им предложил на „Блаугранас“ да го ангажираат Вифер и порачал дека тој ќе заврши одлична работа во средниот ред за каталонскиот гигант.

Според медиумите во Шпанија, Деко се консултирал со поранешниот менаџер на Феенорд, Џовани ван Бронкхорст за Вифер и добил позитивен фидбек за 24-годишниот фудбалер. Цената барана за неговите услуги може да биде околу 25 милиони евра, што е многу поприфатливо од другите опции на пазарот.

МИА

Најчитани вести