Шпанскиот фудбалски шампион Барселона следната сезона ќе има нов голман. Спортскиот директор на клубот Андони Зубизарета призна дека Каталонците веќе нашле замена за Виктор Валдес кој на лето си заминува од „Камп Ноу“.
– Го знам името на новиот чувар на мрежата. Неодамна се договоривме со наследникот на Валдес. Новиот голман веќе го потпиша договорот, но потребно ни е уште малку време за официјално да го соопштиме неговото име и сите детали околу неговиот трансфер, им изјави Зубизарета на шпанските новинари.
Се шпекулира дека нов голман на Барселона ќе биде Марк-Андре тер Штеген од Борусија Менхенгладбах.
]]>


