Ана и Бастијан ги извадија бурмите.
Како бомба одекна веста дека Ана Ивановиќ се разведува од Бастијан Швајнштајгер.
Се шпекулира и дека наводно виновна за пропаѓањето на бракот е водителката Естер Седлачек.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, поранешната српска тенисерка престојувала во потоплите краишта, додека нејзиниот, се уште легален сопруг и неговиот најблиска соработничка престојувале заедно на планина во Австрија.

Швајнштајгер и Седлачек се големи љубители на снегот и планинските предели, па слободното време често го користат за да избегаат на чист воздух. Овој пат изборот паднал на ски-центар во Австрија, каде што и двајцата престојувале кон средината на февруари.
Ова е малку чудно, ако се земе предвид дека Естер своевремено беше во врска со Кевин Трап, познат германски голман, со кој не се криеше од јавноста.
Исто така, сомнежите за развод и крај на љубовта ги подгреа и однесувањето на Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ, кои решија да ги извадат бурмите и на тој начин да се појават во јавноста, пишува српски Ало.


