Велшкиот репрезентативец Герет Бејл кој ги брани боите на Реал Мадрид денеска изјави дека неговиот тим не се плаши од Барселона и дека очекува сигурна победа на претстојното дерби.
– Играме добро со многу самодоверба. Се наоѓаме во победничка серија и верувам дека така ќе продолжиме и по дербито со Барселона. Мораме добро да се подготвиме за „Ел Класико“ и да ги освоиме бодовите против директниот конкурент за титулата. Тие имаат квалитетни играчи, но ние сме фокусирани на победата, истакна Бејл во интервјуто за клупскиот сајт.
Како предност која Реал ја има во однос на другите екипи Бејл го посочува Кристијано Роналдо.
– Тој е најдобар на светот, спектакуларен играч и пример за сите.
Натпреварот Реал Мадрид – Барселона ќе се одигра в недела со почеток во 21 часот.
Реал по 28 одиграни кола е прв на табелата со 70, а Каталонците се трети со 66 бодови.
]]>


