Ова го соопшти министерот за економија Крешник Бектеши, нагласувајќи дека забраната за извоз на пченица и наполица, јачмен, пченка, брашно од пченица и наполица, семе од сончоглед-вклучувајки кршено или дробено, масла од семе од сончоглед, шафраника или мапуково семе и нивни фракции, пречистени или непречистени, но хемиски немодификувани, од сончоглед ќе важи и во наредните 25 дена.
-Приоритет на нашата Влада е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да се одржи економска стабилност, наведува министерот.
Тој посетува и дека Владата на седница одржана на 10 март 2022 година, донесе Одлука за ограничување на извозот на одделни стоки, според која, почнувајки од 10 март, се ограничува извозот на одделни стоки до 20 март 2022 година со цел да се оневозможи нивен извоз со забрзана динамика на штета на домашниот пазар.
MИА
]]>


