Регулаторната комисија за енергетика утврди нови цени на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.
Новите цени на бензините ќе бидат пониски за 2 денари пониски, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат со иста непроменета цена.
„Еуросуперот“ од 95 октани ќе чини 62 денара за литар, а „еуросупер“ од 98 октани ќе се продава за 64 денари за литар. Дизелот ќе се продава по иста цена како и досега од 49 денари за литар.
Нова пониска цена регулаторите определија и за мазутот. Тој ќе се продава по цена од 19,9 денари за килограм.
Овие цени ќе почнат да важат од полноќ и ќе траат две седмици.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 46,27 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот бил 54,32 денари.


