Последнопласираниот тим од Примера, Бетис славеше победа на гостувањето кај Леванте.
Со овој триумф Бетис ги враќа шансите за опстанок во најдобрата шпанска лига бидејќи на последните пет натпревари ова е нивна втора победа, а имаат еден пораз. Со оваа победа Бетис има 22 бода, а пред него се Ваљадолид со 27, Хетафе со 28, Осасуна 29, Алмерија 30.
Синоќа со одигрувањето на четири натпревари беше комплетирано 30.коло, а беа постигнати следниве резултати: Леванте – Бетис 1:3, Хетафе – Виљареал 0:1, Алмерија – Валенсија 2:2, Реал Сосиедад – Ваљадолид 1:0.
На врвот на табелата се: Атлетико Мадрид 73 бодови, Барселона 72, Реал Мадрид 70, Атлетик Билабо 56, Севиља 50,.
]]>


