Последните два натпревара од 25.коло во Серија А одиграни синоќа завршија без победник, па така четирите екипи освоија по еден бод.
Во Неапол, Наполи на нашиот Горан Пандев одигра 1:1 со Џенова, а Пандев во игра влезе во 86.минута. Домаќините поведоа со голот на Игуаин во 18.минута, додека во 84.минута со прекрасен гол од слободен удар изедначи Емануеле Калаио.
На вториот дуел меѓу Парма и Фиорентина беа постигнати четири голови – 2:2, но беа и покажани три црвени картони, еден кај домашните и два кај гостите.
Табела: Јувентус 66 бодови, Рома 57, Наполи 51, Фиорентина 45, Интер 40, Верона 39,.
]]>


