Без победник на Велодром

Последниот натпревар од 23.коло од француската Лига 1 меѓу Олимпик Марсеј и Тулуз одигран синоќа на „Велодром“ заврши без победник 2:2.

Домашните поведоа преку Димитри Паје во 7.минута. Изедначувањето стигна во 11.минута, а стрелец беше Висам Бен Једер. Олимпик Марсеј во финишот на првиот дел повторно поведе откако Матју Валбуена во 40.минута ја затресе мрежата на гостите. Конечните 2:2 ги постави Серж Урие во 60.минута.

На другите дуели од оваа рунда: Ница – Лил 1:0, Рен – Олимпик Лион 2:0, Бастија – Генгамп 3:2, Евиан – Ајачио 1:1, Ремс – Монпеље 2:4, Сошо – Нант 1:0, Сент Етиен – Валенсиен 3:0, Лориен – Монако 2:2 и ПСЖ – Бордо 2:0.

Табела: ПСЖ 54 бодови, Монако 49, Лил 41, Сент Етиен 40, Олимпик Марсеј 36, Олимпик Лион 34, Бордо 34.

]]>

Најчитани вести