Без вода улици во општина Кисела Вода

Без вода за пиење во моментов се дел од две улици во општина Кисела Вода, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Како што појаснија, станува збор за улиците „Христо Татарчев“ и „Марко Орешковиќ“, а причината била уличен дефект.

Од претпријатието потенцираа дека водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со санација на дефектот.

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести