Објектите на Министерство за транспорт, средното музичко-балетско училиште, Филхармонијата, Архивот на Македонија, Уставниот суд, хотелот „Стоун бриџ и станбените објекти во Пајко Маало утре ќе имаат прекинато водоснабдување.
Како што информира ЈП Водовод и канализација-Скопје, прекинот ќе биде поради дефект на улицата „Црвена скопска општина“ бб.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот и ќе трае до завршувањето на работните активности.
МИА


