Компаниите Имлек, Бамби и Књаз Милош објавија дека по успешното завршување на јавната понуда и комплетирање на процесот на превземање добија нов сопственик/инвестицискиот фонд Мид Еуропа Партнерс од Лондон заедно со коинвеститори.
Мид Еуропа Шартнерс е најголемиот инвестициски фонд во Централна и Источна Европа со големо искуство во развој на работењето на компаниите во кои инвестира и заедно со своите коинвеститори ќе претстави значајна поддршка за понатамошен развој на Имлек, Бамби и Књаз Милош.
Во својот инвестициски тим за оваа трансакција, Мид Еуропа Партенрс ги прибра и Европслата банка за обнова и развој (ЕБРД) како и Андреј Јовановиќ во својство на инвеститор и локален партенр.
Раководењето на групацијата е доверено на Андреј Јовановиќ, кој има повеќегодишно искуство со остварување на врвни резултати. Новиот менаџерски тим предводен од Јовановиќ вклучува водечки менаџери во секторот на храна и пијалоци како што се Илија Шетак од Имлек, Бојан Радун од Бамби и Милош Стојисављевиќ од Књаз Милош.
-Јас сум задоволен од фактот што промената на сопствеништвото значи соединување на водечки инвеститори и финансиски институции, брендови и менаџмент на ресурси под еден покрив, што го гледам како наша најголема предност. Менаџментот поседува одлична прилика и голема одговорност да со поддршка и дадена доверба од сопствениците и понатаму ги развива и инвестира во развој на брендовите. Нашата цел е да преку овој уникатен тим, почнувајќи од самиот врв и сопственикот, преку менаџментот па се до производните линии и на крајот на полиците на кои се наоѓаат нашите производи донесеме подобар квалитет и живот во домовите на купувачите и да го продолжиме нашето ширење во Србија и регионот, изјави извршниот директор Андреј Јовановиќ, пренесува Телеграф,рс.
Со оглед на тоа што Имлек е сопственик на БиМилк, тоа значи дека и Битолската млекара и официјално има нов сопственик.
Извор: emagazin.mk


