Бислимовски: Во наредниве два до три месеци не очекуваме драматично зголемување на цената на нафтата на светските берзи

Никој пред 2 месеци не очекувал дека ќе се случи ова. Пред се имаме драстичен пад на потрошувачката и исто така имавме и еден период кога не се намалуваше ни производството и поради тоа и настана еден голем дисбаланс на пазарот со нафта во целиот свет – изјави во „Топ тема“ на ТВ Телма, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски.

По постигнатиот договор во рамките на ОПЕГ во Русија од 1 мај очекуваме да се намали производството на нафта. Но, и кога би се намалило ,тоа нема да се намали доволно колку што е намалена потрошувачката. Така што и во наредниот период не очекуваме драматични промени на цената на нафтата.

Во наредниве два до три месеци не очекуваме драматично зголемување на цената на нафтата на светските берзи, посочи Бислимовски.

-Цената на нафтените деривати во нашата земја е убедливо најевтина. Конкретно цената на дизелот во Албанија каде што е 0,75 евро центи е за 1.34 евро центи или 36 денари поскап од кај нас, во Србија е за 1.25 евро центи, Бугарија околу 1 евро – рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика.

Реално имаме една од најниските цени во Европа на нафтените деривати и најниска цена споредено со сите земји членки на ЕУ. Единствено Русија и Белорусија имаат пониска цена од нас, истакна Бислимовски.

]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести