Надоместокот од 200 денари за пристап до мрежа не е нова давачка и секој кој го трвди спротивното ја лаже и манипулира јавноста, тврди за Студио 10 првиот човек на Регулаторна Марко Бислимоски.
Според него, досегашниот систем, во кој оние кои имаат објетки, во кои не трошат струја и плаќаат само улично осветлување, е нефер, оти некој ја одржува мрежата преку која тие ја добиваат струјата, а тоа чини пари и мора да се плати. Но, затоа, досегашната цена за преносот и дистрибуцијата кај оние кои трошат струја се намалува за 23 проценти, а ако на тоа се додаде и намлувањето на цената во првиот блок, тогаш сметките за струја на 80 проценти од семејствата во земјава од 1 јануари или ќе останат исти или ќе се намалат, тврди Бислимоски.
Бислимоски потврди дека е точна вчерашната симулација на ТВ24, со која семејство кое потрошило струја во прв и втор блок и добило фактура од околу 3700 денари, со новите цени ќе има намалување од околу 250 денари. Првиот регулатор открива дека комисијата имала сериозни притисоци врз цената, како намалената потрошувачка на струја во земјава од 10 проценти поради фотоволтаиците, но и зголемените трошоци на енергетските компании. Тој призна дека Електродистрибуција и МЕПСО се незадоволни од новите цени, оти им се скратило од профитот. Тврди дека незадоволството од новите цени доаѓа од оние кои имаат повеќе станови и викендички.
Според одлуката која Регулаторот ја соопшти вчера, од 1 јануари цената на струјата во првиот блок поевтинува за 5,16 отсто, вториот блок и евтината струја не се менуваат, а поскапуваат двата последни блока – третиот за 2,88 и четвртиот за 1,86 отсто. Цената за пренос и дистрибуција се намалува за 23 отсто, но отсега секој сопствник на бороило ќе плаќа по 200 денари за пристап до мрежа.
извор: 24.mk


