Битиќи: Данокот на солидарност е еднократен, каков што имаа и други земји во Европа

Прашан за усвојувањето на т.н. данок на солидарност, вицепремиерот за економски прашања во интервју за Блумберг веки дека законодавниот дом е тој кој ќе одлучи дали треба да се донесе или не.

-Ние стоиме на ставот дека како и други земји во Европа кои што минатата година предложија сличен данок за компаниите кои што направиле исклучителни добивки од кризата, нешто да вратат во општеството. Ние остануваме на ставот дека едно такво решение треба да биде направено. Еднократен е данокот за солидарност, сметам дека после 4 години криза и безрезервна поддршка од државата кон стопанството не сакаме да се навраќаме и да броиме која компанија колку помош земала кога им беше најпотребна, но после четири години кризи и безрезервна поддршка од страна на Владата и од страна на граѓаните кон овие компании, сметам дека сега е моментот, кажа Битиќи.
Според него јавноста треба да знае дека 150 компании се во прашање кои ќе бидат опфатени со данокот на солидарност.
-Тие можат  да си дозволат еднократно да платат данок кој ќе се искористи исклучиво за антикризни мерки за граѓаните, истакна Битиќи.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести