Битиќи: Денеска имаме 100 милиони евра дадено државна помош на 919 компани од кои што 908 се домашни компании

„Прво не можеме да се споредиме со земји членки на ЕУ, за тоа што они имат пристап до структурните фондови и до многу поголеми средства, но ние направивме  еден исчекор, планот за економски раст од 860 милиони евра во кој што имаме реформска агенда која што треба да ја исполниме. Но, јас само ќе потсетам за одредени работи кои што ги има во програмата но кои што и сме ги направиле. Ние во 2017 /18 ги воедначивме условите за домашните и странските инвестиции, денеска во нашата држава не се зборува за странски или за домашни инвестиции се зборува за инвестиции. Ако претходно поддршката била нула, нула велам за домашните компании на нула компании со нула денари државна помош, денеска имаме 100 млн евра дадено државна помош на 919 компани од кој што 908 се домашни компании кој што креирале со завршување на декември 2023та, 500 милиони  евра инвестиции и креирале 5 000 работни места, тоа е исчекорот кој што го правиме,“ истакна  Фатмир Битиќи, потпретседател на СДСМ и коносител на листа на СДСМ во ИЕ 2, во емисијата 24 Анализа на ТВ 24.

Тој посочи декаво новата програма помошта од 100 милиони евра која што е дадена скоро  во 5 години ќе иде на 180 милиони евра и да креира 1,2 милјарди инвестиции во приватниот сектор во делот на приватните инвестиции на домашните компании не влегувајќи во сегментот на странските инвестиции. Како  четврти елемент Битиќи ја посочи развојната банка која само од 2020 година сега пласира 400 милиони евра евтини кредити во стопанството, во ситуација кога комерцијалните банки во суштина биле преконзервативни за да помогнат на флексибилноста во стопанството.

„Кога ќе поставите механизам краткорочно не може да функционира, механизмите не се поставуваат краткорочно се поставуват среднорочно. Во 2017година бројот на компании кој што аплицирале за поддршка од државата беше 30, сега секоја година имаме над  200 компании кои сакаат да влезат во инвестиција. И се потпишуваат договори за државна помош за тоа што имат почетна инвестиција и тоа е поривот и сега разликата само што ние викаме дека ќе има 180 млн евра ВМРО знаете што вика, ќе продолжиме со мерката за финансиска поддршка на инвестиција поставена од претходната влада, нема никаков проблем,“ рече Битиќи.

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести