Битиќи: Искористувањето на средствата од проектот за поддршка на локалната и регионална конкурентност на туризмот финансиран од Европската Унија и Владата, за реконструкција на спортска сала е полн погодок

Новата спортска сала во Крушево ја користат националните тимови и клубовите за висински подготовки а ги привлекува и туристите бидејќи во неа покрај останатите содржини има поставено и карпа со ѕидови за болдеринг. Заедно со новата спортска сала беа направени и велосипедски патеки во должина од 40 километри. Ова Крушево го прави дополнително атрактивен за туристите кои во Крушево доаѓаат на алтернативен, авантуристички туризам, како едно од најдобрите места за параглајдинг скокови во Европа.

Искористувањето на средствата од проектот за поддршка на локалната и регионална конкурентност на туризмот финансиран од Европската Унија и Владата, за реконструкција на оваа спортска сала е полн погодок.

Полн погодок е паметното инвестирање во развој кој е соодветен за секој регион и кој ќе донесе најмногу додадена вредност.

Инвестирањето во себе и својата држава е полн погодок!

-Фејсбук статус на Фатмир Битиќи, заменик претсетседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести