Битиќи: Tрендот на намалување на инфлацијата е очигледен

Економските политики за зачувување на животниот стандард на граѓаните покажуваат резултати. Официјалните податоци од државниот завод за статистика ги потврдуваат нашите заложби и прeземени чекори за намалување на инфлацијата и зголемувањето на платите во нашиот мандат.

Инфлацијата за месец мај 2023 е на ниво од 11,3% споредено со истиот месец од 2022 година, но трендот на намалување на инфлацијата е очигледен, од 19,8% во октомври 2022 година на 11,3 % за претходниот месец.

А од друга страна го имаме растот на платите кој за првите три месеци се движи во интервалот од 12,4% до 13,2% повисока просечна плата споредено со истиот период од 2022.

-Фејсбук статус на Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести