Во 16:10 часот блокиран е сообраќајот на патниот правец А-3 Ресен-Битола кај битолското место викано „Ромската населба“, соопштија од АМСМ.
Околу 200 граѓани од ромската заедница го блокираа патниот правец Ресен–Битола, кај месноста позната како Ромска населба, во знак на протест против измените во Законот за сообраќај и одземањето на неколку моторни возила.
Сообраќајот на оваа делница е целосно прекинат откако демонстрантите запалија гуми и ги поставија на коловозот.


