Брзо и лесно за подготовка, а многу вкусно. Може да се сервира како лесен оброк.
Состојки:
- 250 грама канелони
- 1 кг исчистен спанаќ
- 800 грама излупени домати, исечени на коцки
- 200 грама кравјо сирење
- 500 грама крем сирење
- 80 грама рендан пармезан
- 2 мали главици црвен кромид
- прстофат шеќер
- 2 листа жалфија
- маслиново масло по потреба
- сол и бибер по вкус
Подготовка:
Излупете ги двете главици кромид, исецкајте ги и испржете ги половината во 4 лажици масло. Додадете домати, шеќер, сол, бибер и гответе на тивок оган околу 30 минути. Во измиениот спанаќ додадете малку сол и обарете го да омекне. Исцедете го и ситно исецкајте го. Пржете го во 4 лажици масло со преостанатиот кромид и жалфија. Додадете го сирењето(кравјото и крем) и со подготвениот фил наполнете ги канелоните. Намачкајте една третина од доматниот сос на дното од тава за печење со димензии 18X28 см, наредете половина од канелоните, прелијте со половина од преостанатиот доматен сос и наросете со 20 г пармезан. Додадете ги преостанатите канелони, прелијте со остатокот од сосот, и остатокот од пармезанот. Печете околу 20 минути на 180*C.
Уживајте!
МИА


