Зголеменото ниво на холестерол често не укажува на јасни симптоми, но значително го зголемува ризикот од срцев и мозочен удар. Според кардиолозите, исхраната игра улога за негова контрола. Една од намирниците која го контролира холестеролот е оревот, пишува „Параде“.
– Контролата на холестеролот преку исхраната не значи дека треба да јадете помалку, туку попаметно, изјави д-р Алан Голдберг.
Додека пак, според д-р Џон Хигинс една од најдобрите навики за здравјето на срцето е секојдневно да се консумира мала дланка ореви или бадеми. Тој објаснува дека, доколку се обидувате да го подобрите нивото на холестерол, она што го додавате во исхраната е исто толку важно како и она што го исфрлате. Двајцата лекари нагласуваат дека оревите содржат незаситени масти, растителни влакна и антиоксиданти кои можат да придонесат за намалување на ЛДЛ,т.е таканаречениот „лош“ холестерол.
Според Голдберг, оревот е една од најефикасните намирници што може да се воведе во секојдневната рутина. Од друга страна, Хигинс смета дека неговите хранливи состојки помагаат во намалување на воспалителните процеси и спречување да се насоберат налаги холестерол на ѕидовите на артериите.
– По направените истражувања се откриени позитивни ефекти по консумирање на овие намирници, изјавуваат научниците.
Студијата објавена во списанието „Американски журнал за клиничка исхрана“ (The American Journal of Clinical Nutrition) покажала дека луѓето кои редовно консумирале ореви имале значително пониско ниво на холестерол. Според Хигинс, се препорачува околу 30 грама ореви дневно, додека прекумерната консумација може да доведе до покачени калории.
Кардиолозите советуваат оревите да се внесуваат во комбинација со овесна каша, бобичесто овошје или грчки јогурт.
– Освен јаткастите плодови, темната чоколада, доколку се консумира умерено, може да претставува корисен додаток во исхраната кој се грижи за здравјето на срцето, советуваат Хигинс и Голдберг.
МИА


