Направете домашни лепчиња по ваш избор и послужете го овој вкусен намаз со нив..
Состојки:
- 2 големи модри патлиџани
- 500 грама зелени пиперки
- 2 домати
- 1 лажица рен
- 4-5 чешниња лук
- 1/2 чаша(за црно кафе) маслиново масло
- 1/2 чаша (за црно кафе) вински оцет
- сол по вкус
- малку пченкарно масло за пржење
- сок од лимон
Подготовка:
Испечете ги модрите патлиџани и пиперките во тавче и излупете ги.Модрите патлиџани исецкајте ги и веднаш наросете ги со сок од лимон за да не поцрнат. Излупените пиперки исецкајте ги, а исто и доматите прво излупете ги и исечете ги на парчиња. Пржете ги модрите патлиџани кратко во пченкарно масло. Додадете ги доматите и продолжете со пржење додека водата не испари. Изладете ја смесата. Ставете ја смесата во блендер, додадете ги печените пиперки, подготвениот рен, лукот, маслиново масло, винскиот оцет и сол по вкус. Блендирајте додека смесата не стане мазна. Сервирајте ја подготвената смеса како намаз.
МИА


