Боб возач ќе го носи знамето на домаќините на Игрите во Сочи

Рускиот ветеран и возач на боб посадата на оваа земја Александар Зубков ќе го носи знамето на Свеченото отворање на Зимските олимписки игри што од утре до 23 февруари ќе се одржуваат во Сочи.

Одлуката да му се даде големата чест на Зубков да ги предводи домаќините на утрешната церемонија е донесена на состанокот на руската делегација која во предвид ги зема мислењата на капитените на сите руски селекции.

– Многу сум среќен и задоволен поради тоа што мене ми се довери таква мисија. Прекрасно е кога знам дека земјата е позади мене, изјави Зубков.

]]>

Најчитани вести