Богдан Богдановиќ поради повреда надвор од теренот најмалку еден месец

Бекот на Атланта хокс, Богдан Богдановиќ ќе мора да паузира од кошарката најмалку еден месец.

Српскиот репрезентативец има повреда на тетивата. Триесет и двегодишниот Богдановиќ вчера беше подложен на медицински третман. Повторно ќе биде прегледан за околу четири недели. 

Богдановиќ има просек од 15,6 поени, 3,5 скока и 3,1 асистенции за во пет сезони со Атланта.

Атланта во понеделникот на натпреварот со Вашингтон визардс ги загуби и Дајсон Даниелс и Вит Крејчи. Даниелс го повреди десниот колк и ќе пропушти најмалку еден натпревар, додека Крејчи доживеа истегнување на мускулот на десната нога и се очекува да биде надвор од терените најмалку две недели.

Хокс остана и без Де’Андре Хантер (воспаление на десното колено) и Коби Бафкин (повреда на десното рамо).

МИА

Најчитани вести