Богоев: Спречен шверц на 4,4 тона месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните

❗Спречен шверц на 4,4 тона месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните❗

➡ Мобилен тим на Секторот на контрола и истраги спречи шверц на 4,4 тона месо од дивеч ризичен по здравјето на граѓаните, што возач на камион во сопственост на грчка фирма сакал да го внесе во државава.

➡ Месото од дивеч во вредност од 4 милиони денари, ниту било декларирано во царинската декларација ниту пак превозникот за него имал соодветен сертификат, и дозвола од соодветнаta надлежна институција – Агенција за храна и ветеринарство.

➡ На терминал на граничен премин Табановце, инспектори со скенер извршија контрола која што покажа дека во возилото освен декларираната стока има и друга стока која не е опфатена со царинската декларација. По отворање на возилото во 29 пластични палети е пронајдено замрзнато месо од разен дивеч, зајаци, фазани, еребици, за кои не поседувал никаква документација.

Против сторителот е поднесена кривична пријава заради прекршување на Кривичниот законик.

Еден од најважните приоритети на Царинската управа е заштита на здравјето на граѓаните и безбедноста на општеството, напиша на социјалните мрежи директорот на царина Стефан Богоев.

Најнови вести

Најново од Хроника