Земјоделците од здружението „Бело злато“ во текот на вчерашнот ден беа на граничен премин Табановце каде камиони со македонски ориз за извоз во Србија стојат блокирани неколку дена. Тоа е причината зошто земјоделците наидуваат на затворени капии од страна на откупувачите.
-Откупувачите не враќаат назад со тракторите полни со оризова арпа бидејќи неможат да откупуваат. Дел од нив со инспекција се затворени, а други имаат забрана за извоз. Затоа дојдовме на граничниот премин да се увериме во состојбата за која алармираат откупувачите и да испратиме порака до власта да се реши оваа систуација во која најмногу страдаме ние, производителите – изјави Зоран Борисов од земјоделското здружение „Бело злато“ од Кочани.

Откупувачите и извозниците на ориз уште во текот на вчерашниот ден бараа објаснување зошто се создава оваа криза околу извозот на оризот.
-Камионите ги држат цел ден со образложение дека немаме документ за анализа на квалитетот. Барањето е нелогично бидејќи ова е трет камион кој го извезуваме со истиот ориз од истата фирма која претходно има одбиено дозвола за извоз. Зошто сега прави проблем, не знаеме? Ова е на директна штета на земјоделците бидејќи тие чекаат пари од овој ориз за да можат да ја платат жетвата на новата реколта- велат тие.

И натаму остануваат отворени прашањата зошто се создава ваков хаос со откупот на оризот од страна на власта, за чии интереси се прават овие опструкции и дали владата воопшто има намера да им помогне на земјоделците.


