Бостон подобар од Орландо

На единствениот натпревар од НБА лигата одигран синоќа Бостон го совлада Орландо со 96:89 (27:19;27:26; 17:19; 25:25). На програмата беше само еден натпревар бидејќи се играше и финалето на Суперболот.

За Бостон ова беше 16-та победа сезонава, но сепак екипата е далку од пласман за плеј офот, додека Орландо остана на 13 победи и на претпоследното место во Источната конференција.

Во редовите на Бостон расположени за игра беа Раџон Рондо, кој постигна 19 поени и имаше 10 асистенции, додека Џаред Сулингер имаше 21 поен и 12 скока.

Вечерва се играат 11 натпревари: Индијана – Орландо, Вашингтон – Портланд, Бруклин – Филаделфија, Мајами – Детроит, Милвоки – Њујорк, Њу Орлеанс – Сан Антонио, Оклахома Сити – Мемфис, Далас – Кливленд, Денвер – ЛА Клиперс, Јута – Торонто и Сакраменто – Чикаго.

Пласман Источна конференција: Индијана 36-10 (победи-порази), Мајами 33-13, Атланта 25-21, Торонто 25-22, Чикаго 23-23, Вашингтон 23-23, Бруклин 20-25, Шарлот 21-28,…

Пласман западна конференција: Оклахома Сити 38-11, Сан Антонио 34-13, Портланд 34-13, ЛА Клиперс 34-16, Хјустон 32-17, Феникс 29-18, Голден Стејт 29-19, Мемфис 26-20.

]]>

Најчитани вести