Ботафого стана шампион на Бразил за прв пат по 29 години

Ботафого синоќа го победи Сао Паоло (2:1) во последното коло на бразилското фудбалско првенство и стана национален шампион.

Џеферсон Саварино и Грегороре погодија за домаќините, а гостите одговорија со прецизен удар на Вилијам Гомез.

Ботафого го зазеде првото место во поредокот со 79 бодови, шест бода повеќе од Палмеирас, кој загуби од Флуминенсе (0:1).

Ова е трета шампионска титула за Ботафого во Бразил. Претходно, тимот од Рио де Жанеиро успеа да победи во 1968 и 1995 година. 

На 1 декември, Ботафого за прв пат го освои Копа Либертадорес.

МИА

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести