Бовин A’gupka Vranec прогласено за едно од најдобрите вина на светот во својата категорија

Винаријата Бовин наградата ја доби за црвеното вино 2012 A’gupka Vranec со потекло од Тиквешкиот регион, и се најде меѓу 33-те победници. bovin1 Бовин исто така е добитник и на наградата MUNDUS VINI “Best of Show” award. Високо квалификувано меѓународно жири составено од 270 вински експерти од целиот свет, енолози, винопроизводители, професионални трговци со вино, сомелиери и стручни новинари од 44 различни земји, повеќе од 6 дена, на “слепо” (blind testing) дегустираа, евалуираа и оценуваа 6770 вина, од над 150 вински реони од различни делови на светот, вина од познати вински региони од Австралија, Аргетина, Чиле, САД, Франција и многу други земји. Вината се оценуваа според категоријата во која припаѓаат, потеклото, нивото на квалитет и вкус, и се евалуираа во согласност со стандардите за оцена на Меѓународната организација за вино (OIV), која е признаена и од Интернационалната Унија на Енолози (UIOE). Бовин и минатата 2017 година доби златен медал за виното My Way на истиот натпревар.]]>

Најнови вести

Најново од Економија, Ударни вести

Најчитани вести