Дури и зарипнатоста во гласот беше во функција на таа хармонија. Највисок државнички дострел во оценките на важноста на процесот околу Преспанскиот договор, уставните промени и евроатлантските интеграции, јасни проекции за тоа што не чека во случај процесот да успее или во случај да не успееме, највисока можна кооперативност со политичките и партиски партнери, признателнист за учеството во процесот за сите актери, јасна порака за нивото на одговорноста во овие историски моменти, но без напади врз оние кои решија да останат од другата страна на Историјата и на историската победа на Македонија, јасни пораки за блогородните перспективи, никогаш покатегорично демистифицирани стравовите околу наводната загрозеност на идентитетот, обратно, документот од Преспа, уставните промени, интеграциите, се највисока форма на потврда на македонскиот идентитет. Браво, господине премиер, ми беше задоволство да ве слушам! Фејсбук статус на Бранко Тричковски ]]>


