Бред Пит ја откри омилената интимна сцена: Не е со Анџелина Џоли

Популарниот актер Бред Пит глумеше во неколку прилично познати интимни сцени, меѓу кои и таа со неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли во акциониот филм „Mr. & Mrs. Smith“. Сепак, таа сцена не му е омилената интимна сцена што ја снимил досега.

Актерот се појави на насловната страница на изданието „Best Performances” на списанието „W“, и откри во сапуницата „Dallas“ се случил омилениот момент на страст пред камерите.

„Требаше да се тркалам во сено во еден амбар. Мислам дека немав текст. Само се тркалав и тркалав“, изјави Пит, кој се појави во четири епизоди на „Dallas“ помеѓу 1987 и 1988 година како Ренди.

Првото „Best Performances” издание на списанието „W“ за 2023 година излегува на 7 февруари. Специјалното издание е годишно и ги истакнува ѕвездите од првите редови на кинематографијата, од легенди и икони во филмската индустрија до оние за чии таленти допрва треба да се слушне.

Најчитани вести