Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата девојка Кери Сајмондс се вериле и очекуваат дете, соопшти парот.
Портпаролот на парот рекол дека на Џонсон и Самондс им е многу драго што можат да ја објават таа вест, пренесе „Би-Би-Си“.
Како што додава, Кери Сајмондс би требало да се породи на почеток на летото.
Тоа ќе биде прво дете на парот, наведе „Ројтерс“, повикувајќи се на „Скај Њуз“.
Џонсон е првиот британски премиер во последните 250 години, кој ќе се ожени за време на својот мандат, пренесе британски „Телеграф“.
]]>


