Бучковски во Бугарија се сретна со Захариева

Специјалниот престаник на Владата на Република Северна Македонија Владо Бучковски, кој престојува во работна посета на Бугарија се сретна со бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.

За време на состанокот биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји.

Посетата на Бучковски на Софија ќе трае неколку дена. Бучковски беше во посета на Софија на почетокот на декември. Тогаш тој имаше средби со Захариева, премиерот Бојко Борисов и со министерот за одбрана Красимир Каракачанов.

Османи вчера во интеврвју за Радио Слободна Европа порача дека не можеме да ги гледаме соседите со истите очила од минатото и додаде дека единственото решение и формула за Бугарија е да се вратиме на начелото на Договорот, но и да се најдат механизми како да се направи побрз, подинамичен за да се создадат резултати.

Според него, спорни се разликите во очекувањата за брзината на имплементацијата, за динамиката, за целта на имплементацијата на Договорот.

]]>

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести