Царовска: Компаниите коишто имаат потреба од работа во смени, да се реорганизираат за да нема застој во работењето

Вицепремиерката задолжена за економски прашања и координација со економските ресори, Мила Царовска, на средба со претставници на стопанските комори, информираше дека е во постојана комуникацијата со претставниците на бизнис секторот во земјата и веќе е разговарано за реорганизација на производствените процеси и воведување на нови смени доколку е потребно.

„Компаниите коишто имаат потреба да ја реорганизираат својата работа во смени, тоа да го направат за да нема застој во работењето, а работниците коишто имаат деца до 10 години да соработуваат во реорганизацијата. Исто така ги повикуваме компаниите коишто имаат можност да ја организираат својата работа од дома и со тоа да го спречат ширењето на корона вирусот“, рече Царовска.

Претставниците на Владата информираа за дополнителните мерки кои во изминатите два дена се донесени, а кои се однесуваат на подобрување на информираноста и достапноста на потребните информации на сите граѓани во врска со вирусот „КОВИД-19“, преку кол центарот, преку објавување на сите информации на сајтот на Владата, преку објавувања на сите заклучоци и мерки од страна на Македонската информативна агенција, Македонската радио телевизија, како и со секојдневните прес-конференции на министерот за здравство Венко Филипче.

]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести