Цеца ќе пее во Дојран, а потоа во Битола

Популарната балканска турбо фолк ѕвезда, Светлана Цеца Ражнатовиќ летово доаѓа во Македонија. Таа ќе гостува во Дојран, на Мандра Фестивал на 15-ти јули, а пак на 19-ти јули ќе настапи во Битола, во угостителски комплекс.

На фестивалот во Дојран, кој ќе се одржи на 14-ти и 15-ти јули, покрај Ражнатовиќ ќе настапат и Жаре Бербер, Слаткар, Девито, диџеј Здравко и Два Бона. Локацијата е на паркингот Гранит, а влезниците се по цена од 600 денари.

Најчитани вести