Цените на златото годинава пораснаа за повеќе од 20 отсто. Повисоките цени на златото може да бидат знак дека инвеститорите очекуваат Федералните резерви наскоро да ја намалат референтната каматна стапка.
Цената на унца злато (31,1 грам) го достигна рекордното високо ниво и изнесува повеќе од 2.500 долари. Просечната златна прачка со тежина од 400 унци – изнесува милион долари.
Централните банки предводени од Кина исто така купуваат злато за да ја намалат зависноста од американските долари.
Овој благороден метал за банките и инвеститорите е долгорочна и сигурна вредност во време на економски превирања. Кога каматните стапки паѓаат, цените на златото растат, бидејќи златото станува поатрактивно од обврзниците, пренесе CNN.


