Чековски казнет со еден натпревар, МЗТ парично

Раководството на регионалната кошаркарска АБА лига донесе одлука да го санкционира крилниот центар на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Чековски поради инцидентот на дуелот со Црвена звезда.

Иако, македонскиот репрезентативец доби удар од страна на противничкиот кошаркар Марко Тејиќ, сепак не избегна казна, а АБА во образложението на официјалната веб страна наведува дека судиите покрај доделувањето на исклучувачките грешки, поднеле дополнителна пријава за двајцата кошаркари и затоа тие добиле суспензија во следното коло.

Чековски сезонава во АБА лигата во просек играл по 23 минути на натпревар и има ефект од 9.2 поени, 3.6 скокови и 1.1 асистенции. зс

Според тоа, МЗТ Скопје Аеродром во последното коло против Раднички, на одлучувачкиот натпревар за пласман во Еврокупот, ќе биде ослабен под кошевите.

Но, освен овој хендикеп, македонскиот шампион за инцидентот во Белград е казнет и со 700 евра. Таква казна доби и домаќинот на тој натпревар.

]]>

Најчитани вести