Челзи остана на врвот

Екипата на Челзи остана на лидерското место на табелата во Премиер лигата, откако синоќа конкурентот Арсенал одигра нерешено во дербито со Манчестер Јунајтед, додека другиот претендент за највисок пласман, Манчестер Сити не го одигра својот дуел од оваа рунда поради лоши временски услови.

Најубедлив во синоќешните средби беше Тотенхем кој освои значајни три бода на гостувањето кај Њукасл и сега врши се поголем притисок кон првата четворка.

Резултати на натпреварите од 26.коло во Премиер лигата: Арсенал – Манчестер Јунајтед 0:0, Њукасл – Тотенхем 0:4, Стоук – Свонси 1:1 и Фулам – Ливерпул 2:3.

Одлежени се натпреварите Евертон – Кристал Палас и Манчестер Сити – Сандерленд.

Во вторникот: Кардиф – Астон Вила 0:0, Хал – Саутемптон 0:1, Вест Хем – Норвич 2:0 и ВБА – Челзи 1:1.

Табела: Челзи 57 бодови, Арсенал 56, Манчестер Сити 54 (натпревар помалку), Ливерпул 53, Тотенхем 50, Евертон 45 (натпревар помалку), Манчестер Јунајтед 42.

]]>

Најчитани вести