Најдобриот фудбалер на Атлетико Мадрид Диего Кошта е новото заштитно лице на компанијата за спортска опрема „Адидас“.
Кошта до пред само неколку дена имаше спонзорски договор со „Најк“, а преоѓањето во конкурентската компанија донесе задоволство на „Стемфорд Бриџ“.
Имено, тимот на Челзи покажуваше голем интерес за ангажман на Кошта, а токму Челзи носи опрема „Адидас“ па се надева на посредништво и помош од светски познатиот спортски производител во намерата следната сезона Кошта да го облече „синиот“ дрес.
Интерес за ангажирање на Бразилецот со шпанско државјанство покажаа и повеќе други големи европски клубови какви што се Борусија Дортмунд, Арсенал, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Барселона.
25-годишниот Кошта сезонава на 22 натпревари од Премиер лигата има постигнато 20 голови.
]]>


