Четиригодишното девојче кое вчера падна од прозорец од седми кат во Аеродром е во стабилна состојба. Од Карил е префрлено на Клиниката за детска хирургија со стабилни витални параметри.
Девојчето не е во животна опасност и нема да подлежи на операција, изјави за 24 Вести директорот Ристо Симеонов.
Инаку, девојчето вчера падна од прозорец на седмиот кат во скопски Аеродром откога мајка и ја оставила сама дома за да плати сметки во банка.


