На Светското првенство за ракомет за жени што се одржува во Србија денеска се играат натпреварите од четвртфиналето.
Најголемо внимание првивлекува дуелот на домаќинот Србија против светскиот првак Норвешка. Овој натпревар се игра во „Комбанк Арена“ во Белград, а почнува во 20 часот и 45 минути.
Пред овој дуел во 17 часот и 30 минути во Белград ќе играат Бразил и Унгарија.
Другите два натпревара од оваа фаза се играат во Нови Сад, а двојките се: Полска – Франција (17:30 часот) и Данска – Германија (20:15 часот).
Полуфиналните натпревари ќе се играат во петок, а финалето и натпреварот за третото место на програмата се в недела.


