„Чудо од девојка“: Како бебе родителите ја врзале за бомба, останала без двете нозе, денес е модел и успешен спортист

Во Токио започнаа Параолимписките игри и голем број спортисти со инвалидитет се натпреваруваат. Нивните живнотни приказни се секако трагични, но и инспиративни. Една од натпревувачите е 18 годишната Американка Хејвен Шепард, која ќе дебитира на Игрите на 100 и 200 метри градно пливање.

Хејвен деновиве е во фокусот на американските и јапонските медиуми, поради нејзината неверојатна животна приказна. Кога имала само 14 месеци, нејзините родители во обид за самоубиство ја врзале за бомба, но за чудо таа ја преживеала експлозијата губиејќи ги и двете нозе.

Која нејзините биолошки родители ја добиле им било забрането да се венчаат. Тие одлучиле дека подобро е да ги нема, отколку да ги разделат. Хејвен остана без едната потколеница, а другата нога морале да ѝ ја ампутираат над коленото.

Кратко потоа, таа била посвоена од американско семејство.

„Никогаш не сум живеела поинаков живот, не се сеќавам на трагедијата. Сум ги изгубила нозете, но сум останала жива“, изјави таа за „PeopleЕ.

18-годишната девојка е благодарна на семејството Шепард, нејзините родители Шели и Роб, а не им се лути на своите биолошки родители.

„Им благодарам што ме спасиле, на моите родители им го должам животот. Ми дадоа се“, вели таа.

Хејвен раскажува дека постојано се шегува со своите браќа и сестри дека таа е „чудесна девојка“.

„Секогаш треба да гледате позитивно на работите. Знам дека ми се случи лоша работа, но добив уште една шанса. Прифатив дека сум единствена и дека ми помогнале во животот. Не можете да влијаете на работите што не можете да ги промените, но затоа треба да влијаете на оние што можете. Сакав да покажам дека луѓето со попреченост се како и сите други. Ние сме спортисти само со некој физички недостаток“.

Освен со пливање, Хејвен се занимава и со „КросГит“, но таа е и модел.

„Сфатив дека совршено тело не постои“, порача параолимпијката.

]]>

Најчитани вести