Чулев глуми апсење на Заев

Селско пандурски трикови Техничкиот времен министер, Наке Чулев гради имиџ божем е во интензивна потрага по обвинител доволно голем патриот кој ќе потпише налог за апсење на премиерот во оставка Зоран Заев. Плаши мечка со дајре. По драматичните повици на Христијан Мицкоски, чуварот на престолот на Никола Груевски, дека по освојувањето на власта ќе им се суди на предавниците, брзо и ефикасно, без застарување на предметите, високиот партиски професионалец Чулев ја разбра пораката да крева тензии дека е готово, победата е извојувана, само уште треба единство кај народот и да се мобилизира гласачкото тело кое никогаш не гласа. Ама нешто слабо му оди работата. Ништо не прават додека вистински со едно 20- тина полицајци со качулки на главите не го уапсат Заев пред камери. Или уште подобро со помош на народот да ја довршат започнатата работа од 27 април 2017 година. Онака спонтано како што тоа го направи Никола Груевски од Виена. Пишува Ерол Ризаов Повеќе на линкот: Дојче Веле]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести