Да се јаде или не: Ѓоковиќ проба баничка после 15 години строга диета, фановите се загрижија, се откажува ли од тенисот?!

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, учествуваше на егзибициски турнир во Бугарија, каде во еден момент малку повеќе се опушти и реши да ужива во една баничка, а навивачите веднаш се загрижија.

Неговиот домаќин, Григор Димитров, сакал на најдобар можен начин да му ја приближи Софија и му понудил да ја проба традиционалната баничка.

Но, фановите забележаа еден детал. Новак Ѓоковиќ поради својата диета избегнува да јаде глутен, а сега направи неочекуван исклучок.

Токму поради оваа одлука голем дел од неговите фанови сметаат дека српскиот тенисер никогаш не бил поблиску до одлуката да се повлече од тенисот како најдобар светски тенисер со 24 Грен слем титули.

Да потсетиме, Новак е на споменатата диета од 2011 година кога забележал дека глутенот му пречи и оттогаш почнале неговите неверојатни тениски резултати.

„Не сум на специјална диета за тенис и за победа на натпреварите, туку затоа што е добра за моето тело. Оваа диета е одраз на мојот животен стил. Нема да се откажам од тоа затоа што повеќе не ми е приоритет да победувам, да освојувам титули и да бидам најдобар во светот“ – изјави Ноле во едно интервју.

Тој откри и како изгледаат неговите оброци.

„Штом станам од кревет, прво пијам голема чаша вода на собна температура. Како што кажав претходно, избегнувам вода со мраз и тоа со причина. Кога пиете ладна вода, телото мора да испрати повеќе крв до органите за варење за да ја загрее таа вода на температура од 37 степени. Овој процес има и добри страни – со загревање на ладна вода се трошат повеќе калории – но и го успорува варењето и не испраќа доволно крв таму каде што ми е потребна: до мускулите. И затоа наутро и во текот на денот пијам само млака вода. По некое истегнување и лесна гимнастика, следува појадок. Најчесто за појадок имам „супер снегулки“, откри Ѓоковиќ,

Тој откри за каква комбинација станува збор:

„Житарки или овесни снегулки без глутен, грст мешани јаткасти плодови – бадеми, ореви, кикирики, малку семки од сончоглед или тиква, овошје одделно или сечкано во сад, на пример банани и сите видови бобинки, лажичка кокосово масло, со оризово млеко, бадемово или кокосова вода“ – наведе Ѓоковиќ.

За ручек јаде тестенини направени од киноа или хељда со свеж зеленчук, додека за вечера јаде многу протеини во вид на месо или риба.

Најчитани вести