Да се обелоденат материјалите, да се заштитиме од понатамошно зло!

Груевски со сите сили сака да го дефокусира проблемот. Значи, не бил проблем тој што крадел или правел други големи злодела, туку тој што поткажувал за тоа!!! Што треба да правиме на пример, ако Ал Каеда планира напад кај нас? Нели по разни начини треба да настојуваме да ги наоѓаме тие планови? Тоа ли ќе биде соработка со странски служби?! Па таквата соработка е законска обврска. Ние дури имаме правна обврска да соработуваме со која и да е служба за да го добиеме материјалот или информациите и да се штитиме од злото.

И во случајот, се работи за големо зло. И најголем патриотизам е да ги добиете и обелодените тие материјали. Првин што треба да правиме, тоа е да се обелоденат тие материјали за да се заштитиме од понатамошното зло, оти ова ќе не носи кон сигурна граѓанска војна. Тоа е работа на институциите, кои самите прават тешки кривични дела оти не преземаат ништо за тоа што се должни по закон и продолжуваат да играат оро со ѓаволот. Истата работа ја прават и некои медиуми и новинари, па и некои сдсмовци кои очекуваат да ќарат од ова! Сите тие попречуваат тешките кривични дела да излезат на површина!

А утре?! Овој режим е на самиот крај. Но, се треба да се прави стрикно професионално Неколку пати имам укажано дека на опозицијата и требаат професионалци!

Фејсбук статус на Мерсел Биљали

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести