Да си “успешен” во неуспешно општество е срам

Тоа што го видов и доживеав пред ректорат на УКИМ само беше потврда за моите сомнежи и недоумици во врска со кандидатите и со некои останати учесници на настанот. Страв, примитивност и безрбетност позади секоја титула што ја носат. Тие не можеа себе си да се видат од страна, за да можат да ја видат вистината за себе. Говорот на нивните очи, тела, нагон, тоа не се крие!!! А обидите некои да ги “испеглаат” работите, беа како жезол врз младо месо! Тие не гледаат дека УКИМ го направија шупа токму поради свои лични интереси и кариеризам. Напредок во функции, а невидена беда во училници, амфитетари, клозети, ходници, наука, уметност, дух. Секоја чест на Студентски Пленум. Тие се херои на денешнината. Мнозинството од напумпани и умислени фазани не носи промени. Тоа мнозинство мисли исклучиво за своите пердуви, кои денес се раскубаа и под чие шаренило се наѕре гола, грда и дебела кожа. Старата кинеска вели – Да си “успешен” во неуспешно општество е срам.

Фејсбук статус на Синоличка Трпкова

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести

Најчитани вести